Телото на 24-годишно момче било пронајдено во близина на железничкиот мост во Гевгелија, соопшти МВР.
Вчеравечер во полициската станица во градот било пријавено дека во близина на железничкиот мост било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото.
По извршениот преглед, кај убиеното момче биле пронајдени лични документи, од кои било утврдено дека се работи за 24-годишен мигрант од Авганистан.
Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Be the first to write a comment.