Поранешниот долгогодишен пратеник и актуелен член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев утрово преку социјалните мрежи пренесе тажна вест.

– Бог да го прости Ванчо Димитриев. Неизмерно ги сакаше ВМРО и Македонија. Силен, цврст, исполнителен. Го водеше ОК Свети Николе во многу победи, заедно со еден одличен, силен тим. Болеста го совлада, но нема да биде заборавен. Сочувство до семејството. Лесна му земја, порача Жорчев.