Денеска во Охрид, на 68-годишна возраст почина Илија Фармакоски- Фармак.
Важеше за човек од охридската чаршија и познат угостител. Беше сопственик на ресторанот „Тошо“ во центарот на Охрид, своевремено еден од култните угостителски локали.
Фармак остави неизбришлива трага во охридското културно живеење.
Погребните останки на Фармакоски ќе бидат изложени на Градските гробишта во Охрид утре, недела, 11-ти декември 2022 година, од 13:00 часот.
Be the first to write a comment.