Се трага по лице кое се фрлило од мост на Вардар во Скопје

Екипи на МВР и противпожарните единици се во потрага по маж кој утрово скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во Скопје.

На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.