По кратко и тешко боледување денеска, 17.07.2022 година, не напушти нашиот колега и пријател Јованчо Жабев – Ване, објави Канал 5 телевизија.

Јованчо Жабев – Ване е роден на 30.12.1958 година во Скопје.

Во Канал 5 работеше како линк-оператор, а целата своја професионална кариера ја помина во секторите за студиска и преносна техника.

Работел и во Рафинерија, Дасто …

Меѓу колегите ќе остане запаметен како ведар човек, секогаш посветен на работата.

Канал 5 телевизија од името на сите вработени изразува искрено сочувство до фамилијата, но и благодарност за неговиот придонес во работењето на телевизијата.