Извештајот од Комисијата за стручен надзор која не утврди медицински пропуст во третманот на Јана Христовска од Битола се уште не е доставен до Обвинителството.
Иако уште вчера од Министерството за здравство објавија што утврдиле лекарите во еднонеделната анализа на документацијата, денеска не стигнале да им го испратат на истражителите.
Наодот од патологија се уште не е готов а него го чекаат и родителите на починатото дете. Дали ќе ја дознаат причината за смртта или како што велат ќе бараат и странска помош.
-Не ни очекуваме нешто од извештајот на Комисијата. Ние бевме таму и гледавме се, тоа не го посакувам на никој да го преживее. Да почекаме обдукцијата да видиме што ќе покаже извештајот, ако не имаме ние контакти со лекари од странство има и таква можност да побараме странска експертиза, вели Стојче Христовски, таткото на починатата Јана.
Наместо разврска, случајот со Јана отвора многу соменжи во јавноста а дел од коментарите на медицински лица е дали се потребни итни корективни мерки на здравствениот систем. Тоа го побараа и битолчани кои утре повторно ќе излезат на мирен протест на плоштадот Магнолија, барајќи правда за Јана.
Инаку вчера петчлената Комисија за стручен надзор констатирала дека кај 6 годишната Јана сите постапки биле согласно медицината базирана на докази. Утврдиле дека имала ковид пред 6 месеци а вирус и го зафатил срцевиот мускул.
Јана Христовска почина на 22 март само 5 часа по приемот во битолската болница.
Be the first to write a comment.