Тамара Златковиќ (46) која исчезна во Италија е пронајдена мртва.
Тамара Златковиќ (46) од Ниш, која исчезна во Италија, е пронајдена мртва на Апенинскиот полусотров, дознава српски „Курир“. Нејзините пријатели го објавија својот последен поздрав на социјалните мрежи. Еден од пријателите на Тамара потврди дека Тамара е мртва, а причината за смртта се уште не е позната.
Тамара Златковиќ од Ниш исчезна на 14 декември и семејството преку социјалната мрежа „Фејсбук“ апелираше за помош и каква било информација за неа.
Тамара живеела во Венеција, Италија, а потоа се преселила во Милано. Имала чешки пасош.
Тамара пред неколку дена последен пат стапила во контакт со семејството од каде истакнуваат дека редовно разговарала со роднините по телефон.
Последен пат родителите и пријателите ја контактирале помеѓу 10 и 13 декември, а потоа на 14 декември и се губи секаква трага, таа престанува да биде активна на мрежите и телефонот и е недостапен.
Be the first to write a comment.