Почина битолчанката Марија (Мима) Герас Дочовска.
Родена на 4 август 1960 година во Битола, каде што го заврши и средното образование математички смер во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Меѓународно трговско право заврши на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Во својот работен век беше асистент на правните факултети во Битола и Скопје, а од 1991 година работеше како приватен консултант во Мулти-Импекс Битола, специјализиран консултант за привлекување странски инвестиции во Македонија.
Последните 6 години работеше како економски консултант на Амбасадата на Израел во Македонија.
За неа велат дека се што правела, правела за Битола. Своевремено ја изработи и првата студија за економски развој на градот, а оствари бројни соработки и странски инвестиции.
Мима Герас потекнува од познатото битолско семејство Герас. Преку бројни акции работеше и на пријателството меѓу Македонија и Израел.
Опелото е утре во 12:00 часот во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а погребот на Буковски грбишта.
Be the first to write a comment.