По тешко боледување почина петнаесетгодишното момче Фарук Табаковиќ од Сараево, соопшти здружението Помогни.
– Со тага ве известуваме дека нашиот драг Фарук Табаковиќ се пресели во Подобриот свет на петнаесетгодишна возраст. Со туморот на мозокот се бореше повеќе од четири години, но за жал не ја доби последната битка со оваа пеколна болест.
Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, иако знаеме дека нивните животи од денес ќе бидат поделени на периодот пред и по Фарук и дека оваа загуба ќе остави неизбришлива трага во нивните срца.
Ова драго момче кое сега е на поубаво место ќе живее засекогаш во мислите и молитвите на своите најблиски – порачаа од Здружението.
Be the first to write a comment.