Дарко Вујиновиќ (45), самохран татко на 12 годишната Сара, која боледува од епилепсија и церебрална парализа, почина на 45-годишна возраст.

Дарко Вујиновиќ (45) од Бања Лука кој почина на 45-годишна возраст, ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата Сјеница во населбата Старчевица.

Дарко беше татко на малата Сара (12), која боледува од епилепсија и церебрална парализа. По приказните за него во медиумите стана познат како „Татко на храброста“. Напорно работеше ноќе, а дење се грижеше за Сара.

Дарко со години боледуваше од дијабетес тип 1, а неодамна беше опериран од тромб на срцето и беа покренати бројни кампањи за собирање помош за лекување.

Вујиновиќ постојано беше на натпреварите на бањалучки Борец. Редовно ги следеше сите секции и клубовите често организираа акции за собирање помош за неговата ќерка Сара. За жал, на крајот и тој се разболел и завршил во болница.

Ќерката на Дарко боледува од церебрална парализа и епилепсија, а за неа се грижеле баба ѝ и дедо ѝ во деновите кога Дарко бил хоспитализиран, најпрвин на Воената медицинска академија во Белград, а потоа и на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.

За жал, после тоа дојде трагичната вест дека Дарко не ја доби оваа битка. Малата Сара сега остана сама со бабата и дедото.