14 годишното девојче од соседна Србија, Маша Артико, балерина и актерка, почина по долга борба со малигнен тумор. Тажната вест на социјалните мрежи ја објави нејзината мајка Светлана која напиша дека нејзиното големо срце не издржало.
„Ангеле мој, мојата Макиша тивко не остави и отиде меѓу ангелите. Нејзиното големо срце не издржа“, напиша мајката Светлана на Фејсбук.
Да потсетиме, борбата на Маша траеше од 2018 година, кога и беше дијагностициран тумор на бубрегот со метастази, а во мај годинава малата хероина повторно падна во кревет откако и се врати болеста по трет пат.
И покрај големата борба и лекување во странство, за жал девојчето кое ја обедини Србија не преживеа.
Колку голем борец беше Маша покажуваат и видеата на кои таа игра Ужичко коло во болница поврзана со инфузија, а како што рекла тогаш нејзината мајка, таа секогаш се борела да остане весела и не дозволувала болеста да ја спречи во нејзините намери.
Редовно посетувала настава од болничкиот кревет и извршувала задачи, иако често трпела големи болки за време на терапијата.
Маша беше член на младинскиот театар „Дадов“ и одеше таму две години, пред да се разболи. Во меѓувреме доби улога во „Ургентен центар“, а со актерот Марко Јањиќ разви пријателство кое продолжи и по снимањето.
Be the first to write a comment.