Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово.

Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале.

Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.

Според снимката која вчера беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како медицинската сестра Пелај ја удира со шлаканици и клоци постарата жена додека другите две медицински сестри се смееја и го снимаа целиот настан.