Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер ја погоди Италија околу 7 часот изутрина.

Италијанските медиуми пренесоа дека епицентарот бил меѓу Анкона и Римини, а бил почувствуван низ целата земја. Почувствуван е во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија, но и низ делови на Хрватска и на Словенија.

Италијанските медиуми пренесоа дека во Анкона е запрен железничкиот сообраќај поради мерки за безбедност. Можно е оштетување на пругите.

Многу луѓе од страв и паника излегле на улиците. Пријавени се оштетувања на домови, а има и евакуирани клиники.