Страшна трагедија се случи попладнево во Грција, каде животот во несреќа со хеликоптер го загуби 21 годишен турист, странски државјанин, јавуваат вечерва грчките медиуми.
Според информациите, хеликоптерот доаѓал од Миконос и бил изнајмен од четворица Англичани. При слетувањето во Шпата, еден од нив, на возраст од 21 година, од засега непознати причини се приближил до опашката и бил распарчен од задниот пропелер, при што го загубил животот.
Во останатите информации кои ги пренесуваат медиумите се наведува дека останатите тројца членови на екипажот биле исто така многу млади лица, на возраст од околу 20-21 година.
– Се очекува операторот на хеликоптер да биде обвинет за убиство од небрежност, објавија медиумите, додавајќи дека Полициската управа Пеанија врши истрага за несреќата.
Порталот newsit.gr објави слики од хеликоптерот, во кој се случи страшната несреќа, кога слетал во Шпата, денеска (25.07.2022) околу 18 часот.
📸
📸
Be the first to write a comment.