Мајка и ќерка од Нови Село кај босанската општина Поточани загинаа вчера во страшна несреќа кај градот Прњавор.
Очевидци кои учествувале во спасувањето изјавиле дека мајката и ќерката настрадале во возилото, додека таткото и уште едно дете со тешки изгореници биле однесени со брза помош, но нивната состојба е исклучително тешка.
До несреќата дошло кога возилото на семејството на жртвите се приклучувало на магистрален пат. Друго возило кое доаѓало од правец на Прњавор без кочење удрило во возилото на несреќното семејство, при што дошло до експлозија и палење на резервоарот за бензин.
Непозната е состојбата на возачот од другото возило, пишува Српска.инфо.
📸
📸
Be the first to write a comment.