Пред 27 години на овој ден се случи неуспешниот атентат на тогашниот претседател Киро Глиговор, а поранешната министерка Фросина Ременски има уште една голема причина зошто ќе го памети овој ден.

Имено, на тој ден таа го започнала своето универзитетско образование, а искуството на кое секој 3 октомври се потсетува, сега го сподели и на својот Фејсбук профил.

„Добро утро Македонијо каде и да си.

На денешен ден 03.10.1995 година, на мојот прв студентски ден се случи неуспешен атентат на Претседателот на РМ – Киро Глигоров …

Како денес се сеќавам на мојата пешачка маршута која почнуваше од низ Водњанска, преку Поштата (сега Рамстор), пред хотел Бристол, преку плоштад, Камени мост, Старата чаршија и комплексот на УКИМ … Само што седнавме во клупите на првиот академски час во 09:53 минути страотна експлозија нѐ вознемири сите.

Следуваше веста за атентат на Претседателот …

Ја преживеа голготата на политички подместувања, непрофесионализам, добрососедско душегрижништво, агентурни структури кои роварат и транзитираат до денес, политичко лицемерие… но, остана да сведочи за жилавоста со која докажа дека, западниот стратешки правец за државата оди заедно со лидерството и политичка мудрост !

МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ.

Почит и поклон ПРЕТСЕДАТЕЛЕ“ – се присети Ременски.