Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

„Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. Благодарност до медиумите за редовното и објективно информирање. Благодарност до граѓаните за пријавите. Бидејки, за нас од ЦУК, безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место.“, велат од ЦУК.