Бројни жители на Прибор, Шибовска, Шерег Илова и другите села околу Прњавор го испратија младиот заштитник на животните Горан Карановиќ на вечнoто почивалиште. Горан во четвртокот вечерта се обесил на имотот на неговото семејство во селото Штивор, пренесува Српска инфо.

На неговиот погреб, кој беше извршен денеска, немаше верска церемонија, но Горан беше испратен со потресни говори од оние што го сакаат.

– Го даде животот за творите „шепи“, семоќниот Бог тоа не може да го земе за зло. Си замина и не си ги исполни младешките желби. Мислеше дека сите луѓе што одат се ангели како тебе, но не се – рече неговата сосетка Сњежана Далшашо над гробот на Горан.

-Гледаше на животот онака како што не гледа овој јаден народ, дека силните им помагаат на слабите, но не те разбраа, не преживеа во овој откачен свет. Твојот Рекс, твоите кучиња денес не лаат, тие плачатж. Горан, ти отиде во поправеден свет, и јас ќе дадам се од себе за да не биде заборавена твојата мисија.

Ти почивај во мир, а ние грешниците ќе одговараме пред Бога и пред луѓето за се што направивме и не направивме – рече соседот Миле Матијевиќ.

Расплаканата мајка постојано повторуваше: „Беше чесен, затоа те убија“.

Таа рече и дека молитвите на нејзиниот син се служеле во манастирите во Србија и дека нејзиниот Горан не заминал неспокоен од од овој свет, иако свештениците не служеле погребна литургија, бидејќи според христијанската догма тоа не се прави кога човек ќе се самоубие.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

Како се случи трагедијата?

Трагедијата се случила во четвртокот вечерта, а како што пишуват медиумите – на се’ претходела вистинска драма, бидејќи поради напуштените, често болни и повредени кучиња за кои се грижел Горан, некои соседи „кренале хајка“ против него и поднеле петиција кучињата да бидат отстранети од селото.

– Тие се злобници, го отераа мојот Горан во смрт, поради нив моето ангелче крена рака на себе. Имаше 15 свои кучиња, останатите беа од улица. Се случуваше да собере и до 50, сите од нив ги хранел, лекувал и чувал, без никаква материјална корист, од чиста љубов. Со своите пари им купуваше лекови и храна, изјавила неутешната мајка за медиумите од Република Српска.

Ситуацијата се искомплицирала кога поради петицијата на соседите, во селото пристигнала комуналната полиција која соопштила дека „за два дена ќе дојдат и ќе ги однесат сите кучиња“, односно дека момчетo може легално да задржи само две.

Смртта на овој млад човек од Штивор предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Оние кои не можат да дојдат на погребот беа поканети да се соберат во 13 часот пред црквата „Христос спсителот“ во Бања Лука и да му оддадат едноминутно молчење. Многумина се јавија, а од повеќе градови во БиХ и регионот беше испратена порака дека за него ќе се палат свеќи и во другите православни храмови.

„Денес е еден од најтажните денови за напуштените животни. Горан К. си го одзеде животот. Си го одзеде животот бидејќи на неполни 20 години не можеше да го издржи притисокот на оние кои постојано го пријавуваа. Тие испратија полицијата на врата поради четириесеттина кучиња кои ги сакаше со сето срце, за кои се грижеше дење и ноќе. Кои ги носеше дома болни, повредени, крвави и вложи максимални напори да им обезбеди лекување и убав живот. Секој ден му се закануваа дека ќе ги одземат. Денеска победија тие што ги мачат животните. Единствена утеха е што од сега ќе имаат вистински ангел кој ќе ги сретне кога ќе не напуштат“, велат од здружението „Ваг Ваг“.