Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Буна кај Мостар. Како што дознава порталот „Аваз“, во оваа несреќа загинале две лица, а неколку лица се повредени.

На местото на несреќата излегле припадници на полицијата, брзата помош и пожарникари. Во несреќата учествувале четири автомобили.

– Како што дознаваме, несреќата се случила во 20 часот и 8 минути. Истрагата е во тек. Сообраќајот на оваа делница од патот е затворен, објавија босанските медиуми.

Како што дознаваат медиумите, во судирот учествувале БМВ, Мерцедес и Фолксваген.

📸