Владимир М.(40) кој синоќа ја застрела сопругата Милена М.(35) во вратот во српскиот град Крагуевац попладнево е опколен од полицијата и според српските медиуми, вооружен се забарикадирал во автомобил.

– Полицијата ни порача да не излегуваме од куќите и да ги затвораме прозорците. Тој е вооружен во автомобилот и се заканува дека ќе се самоубие, изјавиле соседите за Телеграф.рс.

Откако ја застрелал сопругата, Владимир побегнал. Целиот град бил блокиран и интензивно се трага по него. Оружјето со кое најверојатно сакал да ја убие бил пиштол. Инаку, претходно немало пријави за насилство во оваа куќа.

Ранетата е докторка која до неодамна работела во Германија.

– Раната што ја има ѝ е на вратот, на многу критично место. Лекарите прават се за да и го спасат животот, објавуваат српските медиуми.

Неговиот мобилен телефон од синоќа е недостапен, а мотивот за обидот за убиство наводно е љубомора, тврди Телеграф.