Италијанската водителка Дилета Леота доживеа мала несреќа додека гостуваше во емисијата „Scherzi a parte“.
За време на разговорот, Дилета беше полеана со сина течност, а овој потег не го очекуваше од екипата која го снимаше шоуто. Меѓутоа, за работите да бидат уште полоши, таа се лизна и падна.
За среќа оваа несреќа не остави сериозни последици по нејзиното здравје, а видеото од нејзиниот пад стана хит на социјалните мрежи. Без разлика на падот, Дилета веднаш стави насмевка на лицето.
Инаку, името на шоуто во превод значи „Шеги на страна“.
Во последните неколку години Дилета стана веројатно најпопуларниот спортски новинар во светот. Секогаш е среќна кога е на фудбалските терени, а на Instagram ја следат речиси 8 милиони луѓе.
lo scherzo rifilato alla divina Diletta Leotta #scherziaparte 😮💗💞😊🤣 pic.twitter.com/lKcgtiyuiT
— DeaChannelTV (@dea_channel) September 26, 2022
Be the first to write a comment.