Уругвај одигра доминантен натпревар и заслужено ја совлада Гана со 2:0, резултат на кој одеа за да се пласираат во осминафиналето.
Но ова е Мундијал со секојдневни чуда, а последното го направија Корејците кои неочекувано направија сензација против Португалија и стигнаа до нокаут фаза. Луис Суарез не можеше да поверува на голот на Кореа во 91-ва минута, а Кавани му се истури на тв екранот на кој судијата гледа ВАР.
Единсон Кавани видно изнервиран по мечот со Гана, удри со бокс по ВАР мониторот и го сруши на земја. ВАР во една ситуација одлучи дека нема пенал врз Единсон Кавани, напаѓачот својата мала одмазда кон системот ја имаше кога заврши мечот.
Lo mejor de Cavani en el mundial pic.twitter.com/7LrpK4qWbN
— Mr.Baru (@crearOreventar) December 2, 2022
Be the first to write a comment.