Србија и Швајцарија се сретнаа во третото коло од групната фаза на Светското првенство. Швајцарија поведе, но Србија направи пресврт во 35. минута со голот на Душан Влаховиќ. Селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси по тој гол почна да пцуе на клупата, пишува Индекс.хр.

До крајот, Швајцарците направија пресврт и победија со 3:2 благодарение на погодоците на Емболо и Фројлер.

„Да ви е*ам мајката шип*арска во пи*ка“, извика Пикси на клупата, алудирајќи на тоа дека Швајцарците во тимот имаат неколку играчи со албанско потекло.

Шаќири, роден во Косово, го постигна првиот гол за Швајцарија, а на крајот Гранит Џака влезе во конфликт со Србите на теренот. Имаше туркање, но за среќа конфликтот не ескалира.

Џака и Шаќири и двајцата се со албанско потекло, а Шаќири со симболот на орелот ги испровоцира противниците на последниот меч меѓу Србија и Швајцарија.