Снег утрово падна на Завижан, планински врв во Хрватска. Според Државниот хидрометеоролошки завод измерени се три сантиметри снег.
Температурата е -1 и врне снег. Но, ова не е првпат снег на Завижан да падне годинава, бидејќи падна и во септември.
Снег се очекува во највисоките планински предели, додека температурите во другите делови на Хрватска се уште се над просекот. На море е до 20 степени Целзиусови, додека на копно 15 степени.
Во источна Хрватска претежно облачно, повремено со врнежи од дожд.
Снег и во Словенија
Што се однесува до Словенија, барем нејзиниот највисок планински дел осамна денеска под снежна покривка. Белите наноси се снимени на Кредарица, планински врв на Јулијанските Алпи кај Триглав.
Малку пониско е највисоката словенечка метеоролошка станица која се наоѓа на 2.514 метри надморска височина.
– Кредарица повторно е прегрната од снег, иако висината на новиот снег е само 15 сантиметри – објавено е на Фејсбук.
Be the first to write a comment.