Во Вишиот суд во Подгорица, Илир Ѓокај го призна убиството на деветнаесетгодишната Шејла Бакија пред нејзината семејна куќа во Тузи, каде го рани и нејзиниот татко Шабан Бакија. По признанието, за време на двоиполчасовното излагање на својата одбрана објасни што ѝ претходело на трагедијата по која, како што изјави, „станал црна дупка од човек“.
Сепак, судењето беше прекинато во моментот кога Ѓокај сакаше да каже како го извадил пиштолот и ги испукал смртоносните истрели во Шејла бидејќи не можел да зборува поради липање.
„Ваша чест, за доброто на двете семејства, пријатели и роднини, должен сум да ја раскажам мојата и приказната на Шејла, иако сега сум овде пред вас само празна, црна дупка од човек. Свесен сум дека јас нанесов мизерија и на моето и на семејството на Шејла и да можам да го вратам времето, само себеси ќе си го одземев животот, само мојата Шејла да останеше жива – рече Ѓокај.
Студентот од завршна година на Академијата за ликовни уметности во Цетиње пред судот изјави дека за прв пат ја видел Шејла, неговата најголема љубов, во гимназијата „25. Мај“ во Тузи.
“Тоа беше љубов на прв поглед. Таа почна прва година во средно училиште. И рекоа за мене дека сум сликар, но од друга вера”, рекол Ѓокај. Тој наведува дека неговата вера не била проблем на Шејла, туку на нејзиното семејство кое од самиот почеток било против нивната врска.
„Таа во својот дневник пишува: „Моите деца ќе слават неколку пати годишно, а јас ќе бидам среќна. Не ми е гајле за неговиот крст, бидејќи откако го сакам, тој е мојата вера“. Почнавме да се забавуваме, два пати бегаше од дома кај мене. Првиот пат ја вратив на барање на мајка ѝ. Вториот пат дојде на вратата од мојата куќа со мала торба во која имаше работи. Таа рече дека побегнала од дома и сака да живее со мене Бев најсреќниот човек на светот“, вели Ѓокај, пренесува „Побједа“.
Од почит кон Шејла и нејзината љубов со обвинетиот, семејството Ѓокај престанало да јаде свинско месо.
По седум месеци живеење во семејната куќа на Ѓокај, Шејла и Илир се преселиле во Будва со дозвола на мајката на починатото девојче. Причината беше игнорирањето на роднините на Шејла од страната на нејзината мајка кои живееле во населбата во близина на семејството Ѓокај.
“Нејзината мајка ни помогна на почетокот додека не сфати дека се работи за сериозна врска и дека не можат да не разделат. Се преселивме во Будва, а за нашата љубов можат да сведочат нашите соседи од Будва, професорите од Академијата и заедничките пријатели. Ние цртавме заедно, сликавме и сите наши чувства ги префрливме на сликарското платно. Никогаш не и кажав груб збор, никогаш не и се налутив. Се смеев на дел од нејзината лудост, бидејќи знаеше да каже: цел свет ќе дознае за мене.’ Сега гледам дека сепак била во право“, изјави обвинетиот Ѓокај.
Според обвинетиот, љубовната идила ја расипало семејството на Шејла, кое испраќало навредливи и груби пораки кон него и неговото семејство.
„Кога Шејла одеше да ги види своите сестри, се враќаше многу лошо расположена, плачеше и ми кажуваше дека ја молат да се врати и дека не смее ни случајно да забремени. Се плашев дека тоа може да се случи… и се случи – мојата Шејла ми кажа дека мора да се врати дома и ми раскина. Се обидов да живеам нормално. Моите родители ништо не ме прашуваа, видоа колку страдам. Ниту јас не говорев ништо, не ни можев, мислев дека ќе полудам, а не сум изустил ниту еден збор“, вели Ѓокај.
Меѓутоа, по една недела од непознат број добил порака од Шејла во која таа му кажува дека не може да живее без него, по што се смируваат и почнуваат тајно да се гледаат.
„Ми кажа дека родителите не и дозволуваат да има телефон, дека не може да излезе од дома без придружба, а дознав и дека ако им го прекрши зборот, никогаш повеќе нема да и дозволат да ги види сестрите. Ми кажа дека пред нив се однесува како да не се грижи за мене. Се надевав дека нашата љубов ќе ги надмине разликите“, изјави Ѓокај.
По некое време врската не можела повеќе да биде тајна, па кога семејството на Шејла ќе го виделе автомобилот на Ѓокај во близина на нивната куќа, ќе пријавеле во полиција. Потоа следела пријава за насилство што Шејла и нејзиниот татко ја поднеле против Ѓокај.
„Разговаравме истата вечер и таа ме молеше да не се лутам што мора да се преправа пред нејзиниот татко дека не сака да ме види. И видов дека нејзиниот татко е подготвен да употреби секаква сила против мене и неа. , само да не бидеме повеќе заедно“, рече обвинетиот.
Тој изјави дека по судењето пред Прекршочниот суд го чекале Шабан Бакија и уште едно лице.
„Ми се закануваа. Беа толку силни во нивните закани што многу се исплашив. Бев исплашен и за мојот брат близнак да не го нападнат бидејќи луѓето постојано ни се мешаат. Почнав да размислувам што да правам за да се одбранам. После една недела купив пиштол од 400 евра. Никогаш во животот не сум пукал и никогаш не сум поседувал пиштол, па не знам каква марка е и колку куршуми имало во него, но оттогаш секогаш го имав со мене или го чував во автомобилот. Колку што имаше куршуми во негои, тоа е се што имав“, додаде Ѓокај.
На денот на убиството на Шејла, Ѓокај рекол дека ја видел додека се враќал дома од Тузи, каде што ги сретнал своите пријатели. Возилото на мајката на Шејла дошло од спротивната насока, од каде што Шејла му мафнала од совозачкото седиште додека ја држела својата помала сестра во скутот. Откако се паркирале, нејзината мајка, според обвинетиот, видела дека има намера да и пријде на Шила и го спречила тоа.
„Тогаш решив да се соочам со Шабан, да разговараме и да ја решам оваа агонија. Бидејќи го немав неговиот број во телефонот, решив да одам кај нив дома. Додека се приближував со автомобил, видов дека нејзината мајка влегува во куќата, а Шејла ми даде знак да дојдам повторно. Отидов и ја бакнав раката на нејзината помала сестра и и реков на Шејла да му се јави на Шабан ако е дома затоа што сакам да разговарам со него, а ако не е, може ли да го добијам телефонскиот број. Додека го кажувам тоа, Шабан излегува од дома и го вади телефонот да ме снима“, продолжи Ѓокај.
Таткото на Шиејла, според обвинетиот, потоа му наредува на целото семејство да го снима обвинетиот.
“Реков дека нема потреба да го прават тоа бидејќи дојдов само да разговарам. Почнав да се потам и срцето забрзано да ми чука, но мирно повторив дек треба да излезе и Шејла и да разговараме. Шабан не престана да ме снима иако го имаше спуштено телефонот и рече: „Сега престанувам, нема да те снимам“, рекол Ѓокај, наведувајќи дека во еден момент сите почнале да му викаат и дека бабата на Шејла била најагресивна.
На прашањето на Ѓокај зошто повторно да ја прифати неговата и врската на Шила, таткото рекол дека никогаш повеќе нема да го направи тоа „дури и таа да е мртва“.
Обвинетиот рече и дека на прашањето на Шабан Бакија дали мисли дека се плашат од него, тој одговорил дека не дошол кај нив дома да ги исплаши, туку во мир бидејќи ја сака Шејла, а доколку таа не го сака никогаш не би ни дошол.
„Всушност, многу се плашев, бидејќи сите ме напаѓаа, јас бев сам, а Шабан цело време гледаше под масата, каде што почнав да се сомневам дека има нешто под неа“, изјави Ѓокај.
Кога требаше да го опише делот од настанот кога извадил пиштол и испукал смртоносен истрел во Шејла, обвинетиот Ѓокај, видно вознемирен, побарал од судот да седне бидејќи не се чувствувал добро. Но, и по една минута пауза Ѓокај не ја продолжи одбраната бидејќи не можеше да престане да липа.
Шејла е убиена пред очите на нејзиното семејство: татко, мајка, баба и сестри. Според мислењето на обвинителството, 19-годишната девојка била цел на обвинетиот Ѓокај бидејќи одбила да ја обнови вонбрачната врска која била прекината неколку месеци претходно. За тоа време обвинетиот Ѓокај ја гонел Шејла, испраќал пораки преку лажни профили, се заканувал, велел дека меѓу нив не е готово и дека нејзиниот живот е во негови раце.
Заканите упатени до Шејла се остварија на последниот ден од септември минатата година кога Ѓокај дошол пред нејзината семејна куќа и со пиштол непозната марка ја застрелал 19 годишната девојка откако таа му повторила дека не сака да живее со него и дека не го сака.
Откако ги испукал смртоносните истрели, таткото на Шејла, Шабан му пришол на Ѓокај и се обидел да го фати за рака, но пријавениот го свртел пиштолот кон него и испукал еден проектил во градите. Ѓокај по престрелката влегол во својот автомобил и испукал уште два куршуми кон Шабан Бакија кој се упатил кон обвинетиот. Еден од испуканите проектили го погодил Шабан во пределот на стомакот, додека другиот завршил во столбот од семејната куќа.
Be the first to write a comment.