На Славица Ѓилас, осомничена дека брутално ја претепала својата тригодишна ќерка, и се заканува затворска казна до 10 години за кривично дело семејно насилство, објави Блиц
Славица денеска беше на распит пред Второто основно јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека брутално го претепала своето тригодишно дете. На рочиштето таа се бранеше со молчење, по што и беше одреден притвор.
„На осомничениот му е одредена мерка притвор до 30 дена поради опасност да влијае во постапката врз сведоците“, изјави портпаролката на судот Ирина Ковачевиќ.
Како што соопштија од Обвинителството таа се товари за кривично дело семејно насилство. Според Кривичниот законик, казната за ова дело, доколку е сторено над малолетно лице, е од две до 10 години.
Жената која брутално ја претепа својата тригодишна ќерка во предградието на Белград Гроцка, за кратко беше приведена, а за медиумите изјави дека не е виновна и дека случајот „ѝ го наместила нејзината мајка“.
Be the first to write a comment.