На 06.08.2022 околу 05.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(38) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.З. констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.