Ѓ. Мариќ (26) утрово е уапсен како единствен осомничен за убиството на мајка си во семејниот стан во Вождовац, а судејќи по профилите на социјалните мрежи, бил доста активен, а често прикачувал фотографии од теретана, стрелање, но и оние на кои се гледа како плива за светиот крст, и тоа неколку пати.
Имено, како што може да се види на споменатите фотографии, покрај многуте направени во теретана, каде што, како што потврдиле неговите соседи за „Блиц“, бил редовен, уапсениот млад човек споделил и фотографии од пливање за светиот крст на Водици, а како што за медиумите раскажуваат неговите познаници, на Интернет често се претставувал како „многу побожен млад човек“.
Да потсетиме, белградската полиција го уапси Ѓ. Мариќ (26) откако бил осомничен дека ја убил мајка си во семејниот стан на улицата Војводе Степа во Вождовац, а откако татко му М. Мариќ, кој живее во Бјелина, дошол во Белград, ја отворил вратата од станот и нашол мртва жена со видливи повреди на главата.
Дваесет и шестгодишниот Ѓ. Мариќ потоа бил приведен и осомничен за убиство на мајка си, а одредена му е мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Сомневањата се дека младиот човек (26) пред два дена ја убил мајка си во висококатница во Вождовац, додека телото на несреќната жена било пронајдено дури утринава. На телото на починатата жена, како што пишува во соопштението на српското МВР, има видливи повреди на главата, за кои, како што се сомнева, Ѓ.М. ѝ ги нанел повеќе пати со тап предмет, при што жената од повредите починала.
Според соседите, Ѓ. Мариќ се занимава со музика и постојано тренира, а дека во последно време често е виден во друштво на девојка, но дека, како што велат, не знаат повеќе од тоа, а за оваа трагична вест најмногу дознале од медиумите, и дека се шокирани по сознанијата за оваа трагедија.
– Беше добар и изгледаше сосема нормално. Знаеше да остави убав бакшиш. Тој никогаш не правеше проблеми, барем ние не сме слушнале. Едноставно не привлекуваше многу внимание и секогаш беше фин – раскажуваат за „Блиц“ вработени во блиското кафуле за младиот човек осомничен за убиство на мајка си.
Неговата сестра Д.М. пред да се случи трагедијата била загрижена за мајка си, која неколку дена никој ниту ја видел, ниту ча чул. Телефонот ѝ бил недостапен, вратата од станот била заклучена. Ѕвончето на вратата од станот не функционирало.
Девојката на уапсениот млад човек изјавила и дека тој во последно време се однесувал чудно, а само ден пред апсењето предизвикал инцидент на улицата Рузвелтова кога од ведро небо на мотор нападнал непозната девојка и ја соборил, а откако бил приведен во полиција, набрзо бил ослободен од истата.
Работничка од една од продавниците за „Информер“ изјавила дека пред само два дена видела дечко како избезумено трча по улица и дека е сигурна дека е Ѓ. Мариќ.
Be the first to write a comment.