Фудбалерите на Мароко беа поразени од Франција во полуфиналето на Мундијалот со резултат 2:0, а нивните навивачи сигурно победија на трибините бидејќи беа одлични во текот на сите 90 минути.

Сепак, скандирањето на овие страсни навивачи од првото полувреме предизвика многу контроверзии. Како што е познато, ФИФА забранува испраќање политички и верски пораки за време на натпреварите, како и националистичко навивање, за што некои здруженија веќе се под истрага.

Без разлика, Мароканците решија да пеат религиозно, рецитирајќи ја првата строфа на исламот, или Шахадат, т.е. зборови кои изразуваат припадност кон исламот.

– Нема друг бог освен Алах и Мухамед е роб на Алах и негов гласник – се слушаше како скандираат марокански навивачи за време на натпреварот.

Инаку, дел од мароканските играчи за време на турнирот по победите изјавија дека триумфот им е посветен на сите муслимани во светот.

Треба да се истакне дека Мароко доби голема поддршка од делови од светот каде живее мнозинско муслиманско население.