Поради транспарент со вулгарна порака за Црквата на Осмомартовскиот марш во Скопје пред повќе од еден месец, Владиката Петар, во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена. Митрополитот смета дека пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се почесто разведени. Додава дека покрај правата за кои се борат жените, имаат и должност да бидат етични и морални.
– ВО МИНАТИТЕ ВЕКОВИ, ДО ФЕМИНИЗМОТ И ЕМАНЦИПАЦИЈАТА НА ЖЕНАТА, ТАА БИЛА СОПРУГА, МАЈКА И ДОМАЌИНКА, А ДЕНЕС, ТАА Е ВИСОКО ЕМАНЦИПИРАНА СО ЗАБЕЛЕЖИТЕЛНИ ПОЗИЦИИ ВО ОПШТЕСТВОТО, НО, ЧЕСТО И РАЗВЕДЕНА И САМОХРАНА МАЈКА. КОГА НЕКОЈ БАРА ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОГОЛЕМИ ПРАВА, ТРЕБА ДА Е СВЕСЕН, ПОДГОТВЕН И СПОСОБЕН ДА ИЗВРШУВА ПОВЕЌЕ И ПОГОЛЕМИ ДОЛЖНОСТИ, РЕЧЕ МИТРОПОЛИТОТ ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКИ.
Остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот, кој ја губи својата рамнотежа и хармонија, рече владиката Петар и со црковен повик го најави најважниот момент од обраќањето, посочувајќи ја опасноста од родовата еднаквост, пренесува телевизија ТЕЛМА.
– НО, ДА ВНИМАВАМЕ! ВОНМЕМ! НА НАШЕТО ОПШТЕСТВО МОЛСКАВИЧНО МУ СЕ ЗАКАНУВА УШТЕ ПООПАСНА, ПОПОГУБНА И ПООТРОВНА ИДЕОЛОГИЈА – РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ! ОВАА ИДЕОЛОГИЈА, ОДНОСНО МАНИПУЛАТИВНА ТЕРМИНОЛОГИЈА Е БОГОХУЛНА, ПРОТИВПРИРОДНА, ИЗОПАЧЕНА; ГОСПОД ГИ СОЗДАДЕ МАШКО И ЖЕНСКО, И СÈ ДРУГО ИЗМЕНЕТО, ПОИНАКВО И ПОРАЗЛИЧНО ОД БОЖЈОТО СОЗДАНИЕ Е НЕНОРМАЛНО, А СО ТОА И НЕПРИФАТЛИВО, РЕЧЕ Г. ПЕТАР МИТРОПОЛИТ ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКИ.
Тој рече дека често се случува феминистичките здруженија барајќи права да го вперат прстот во Црквата. Крајно невкусен го нарече транспарентот што се појави на протестите, како што напомна, во време на Велигденски пости, и ги повика сите кои ја напуштиле црквата да се вратат во нејзините прегратки, затоа што токму таа, односно Христос ја искачил жената на највисокиот можен пиедестал, рече Владиката Петар во Велигденското послание.
Be the first to write a comment.