Автентичноста на снимката засега не е потврдена. Според датумот, таа е од минатото лето.
„Дали Кирил Петков е фатен со шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова?“ Ова се вели во видео снимката што ја дистрибуира бугарската агенција ПИК. Пар со сомнителен изглед влегува во приватен стан, додека жената ја отклучува вратата, мажот ја допира.
Медиумот прецизираат дека снимката е испратена до редакцијата, а наведено е дека на снимката се премиерот и Бориславова.
Кирил Петков е оженет со три деца, а Бориславова е свршена за потпретседателот на Народното собрание Мирослав Иванов.
Be the first to write a comment.