Катамаран на надувување со две лица се преврте меѓу островите Крес и Паг во Хрватска, соопшти попладнево Управата за цивилна заштита.

Тие изјавија дека во окружниот центар 112 Госпиќ денеска по 13 часот е дојавено за превртување на катамаран на надувување со две лица меѓу островите Крес и Паг.

За настанот бил известен Националниот центар за координација на потрагата и спасувањето на море (MRCC Rijeka), кој со три брода спроведува акција за пребарување и спасување во близина на островот Трстеник.

Оперативниот центар на Управата за цивилна заштита го лоцирал мобилниот телефон и го пријавил во ЦКРМ Риека, јавуваат хрватските медиуми.