Холивудскиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на симпатичниот Чендлер од серијата „Friends“, наскоро ќе ги објави своите мемоари „Friends, Lovers, And The Big Terrible Thing“, а помеѓу останатото во нив обелоденил и колку негативни чувства има кон колегата Кијану Ривс.
„Зошто вистинските мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер умираат, но Кијану Ривс сè уште е меѓу нас?“, наводно напишал Пери во новата книга, пренесува „Daily Mail“.
Наводно Метју Пери едвај го воздржувал својот презир кон Ривс додека пишувал за нивниот заеднички пријател Ривер Феникс, кој почина во 1993 година како последица од предозирање со дрога, на само 23-годишна возраст.
Иако е општо познато дека Кијану и Ривер биле најдобри пријатели, и Метју имал силна врска со него откако заедно глумеа во филмот „A Night In The Life Of Jimmy Reardon“ од 1988 година.
„Ривер беше прекрасен човек однадвор и одвнатре и премногу убав за овој свет, како што се утврди. Секогаш се чини дека навистина талентираните момци се тие кои заминуваат“, напишал 53-годишниот актер и додал дека го скршила веста за тоа дека неговиот пријател починал.
Она што е прилично бизарно е што анимозитетот на Метју кон Ривс не е ограничен само на нивната меѓусебна поврзаност со Феникс. Тој го споменал Кијану и додека пишувал за Крис Фарли, уште еден актер и пријател на Пери кој почина во 1997 година, на 33 години, од предозирање. Фарли и Метју заедно глумеа во комедијата „Almost Heroes“ која беше објавена една година по смртта на актерот.
„Направив дупка во соблекувалната на Џенифер Анистон кога дознав за смртта на Фарли. А Кијану Ривс сè уште е помеѓу нас“, напишал Пери.
Метју во мемоарите, но и во неодамешните интервјуа, се осврнал и на својата подолга историја на зависности од наркотици, што веројатно смртта на Феникс, Леџер и Фарли ја направила посебно болна за него.
Be the first to write a comment.