Од Apple официјално потврдија дека нивните мобилни iPhone уреди преминуваат на користење USB-C порт.

Грег Јосвиак, шеф на одделот за маркетинг во Apple, изјави дека Lightning порт ќе биде заменет со USB-C порт иако компанијата не е баш среќна со тоа.

На оваа тема се огласи и Крег Федерињи, потпретседател за софтвер, но ниту едно официјално лице од компанијата не откри кога всушност ќе се случи промената. Оттаму велат дека „Европејците го диктираат времето кога станува збор за купувачите во Европа“.

Јосвиак истакна дека Apple е присилен да ги исполни непромислените барања.

Според аналитичарите, USB-C портот треба да ја подобри брзината на пренос на податоци на моделите на iPhone, како и да ја подобри брзината на полнење на батеријата на телефонот.