Возачот на возило со флешери кој вчера се спасил од апсење откако се обидел да и избега на полицијата на Качанички пат кој води кон границата со Косово, е син на висок функционер на МВР, пишува Експрес.мк.
Полициски извори тврдат дека откако полициска патрола се обидела да го запре тој не запрел по предупредувањето од полициската патрола туку продолжил без да застане по што почнала бркотница во која учествувале повеќе возила.
Бегалецот на возилото со вградени полициски сигнални уреди, таканаречени флешери, подоцна бил запрен од полициски службеници кои влегле во опасност да бидат повредени во бркотницата.
Откако бил запрен во бркотница возачот бил пуштен од полицајците кои известиле дека се работи за владино возило.
Според изворите во МВР на полициските специјалци кои по бегството го фатиле синот на високиот функционер им било наложено да го пуштат без да биде санкцииниран.
Специјалците на системот за комуникација јавиле дека се работи за владино возило, но всушност се работи за приватно возило кое го управувало син на висок полициски функционер.
Припадници на полицијата кој се добро информирани за случајот се бесни што нивни колеги морале да ослободат човек кој во бркотницата со специјалците можел да предизвика сериозни последици дури и смрт на полицајци.
Тие најавуваат дополнителни информации за јавноста ако Министерството за внатрешни работи денеска не излезе со детали и кривична пријава за синот на високиот функционер во МВР.
Be the first to write a comment.