Полицијата во Загреб на прес-конференција за јавноста проговори за синоќешното тешко убиство на бебе и тешко повредување на мајка со секира во реонот на Козари.

Да потсетиме, 43-годишниот Горан Кнежевиќ, кој веќе и е познат на полицијата, синоќа со секира претепал едно иполгодишно девојче и нејзината мајка, поранешна негова партнерка. Мајката се бори за живот во КБ Дубрава, бебето почина рано утрово во болница. Убиецот се фрлил под камион и си го одзел животот

На местото на настанот биле за 9 минути

„Во средата во 20 часот и 26 минути добивме повик од жртва, се уоднесувапе на семејно насилство, во такви ситуации многу брзо постапуваме, патем имаше втор повик, а трет додека веќе бевме на терен. Тоа беа повици од соседи, анонимни.

Бевме на местото на настанот за 9 минути и најдовме две жртви, мајка и дете. Потешки повреди, полицијата укажа прва помош, пристигнува брза помош и ги превезува настраданите во болница.

Последователно, добиваме информации за смрт на маж на автопат. Поврзуваме дека се работи за сторител на првичното кривично дело. Во тоа бегство во две ситуации предизвикал сообраќајни незгоди. На обиколницата, во близина на аеродромот, пријавениот го минува патот и намерно се фрлил под камион.

– Во раните утрински часови добивме информација дека детето починало, изјави Марија Гоати од полициската управа во Загреб.

За досегашните постапувања

Семејството и беше познато на полицијата. Постапувавме во три наврати од 2016 до 2020 година, осомничениот еднаш сторил прекршок, во два наврати е кривично пријавуван за закана за повреда на права на дете. Го следеле и бил во затвор.

Имал мерки за забрана за приближување и воспоставување врска со жртвата, но до март 2021 година.

Колку деца се вклучени?

Свесни сте дека ова е најтешката форма на кривично дело. Можам да ви потврдам дека имало и други деца, но интересот на јавноста не е пред интересот на благосостојбата на децата.

Дали центарот за социјални работи излезе на терен?

„Оваа ситуација многу не вознемири сите. Семејството со години беше под мерки, тоа беа мерки од семејна правна заштита. Едно дете е полнолетно, две се малолетни, сторителот не живеел со нив, доаѓал повремено, насилникот е татко на едно од децата. Доаѓал да контактира со детето, имало судско решение“, изјави Дробац од Центарот за социјални работи.

Убиецот Горан Кнежевиќ (43)

– Секогаш постапувавме навремено. Пред една година последен пат, а веќе немавме информации дека се нарушени односите или дека имало насилство во семејството, не можеме да зборуваме за членови од поширокото семејство. Мораме да разбереме дека луѓето сега се во жалост. Немаше индиции дека животот на децата е во опасност.

Последен пат го третиравме семејството во март 2021 година кога истече мерката на претпазливост. Пред една година интервјуиравме луѓе, но не беа утврдени елементи на прекршок или кривично дело. Не можам да кажам детали зошто биле интервјуирани, но, повторувам, не се утврдени елементи на прекршок или кривично дело.

Дали сторителот бил пријавен за други кривични дела?

Сторителот е пријавен и за други кривични дела за кои бил и во затвор.

Дали сторителот бил под дејство на нешто?

Ќе биде извршена обдукција.

Мотив?

Мајката на жртвата е во тешка состојба и нејзиниот живот е во опасност. Не би сакал да шпекулирам за мотивите. Не можеме да ја интервјуираме жртвата.

Неколку дена имало викање и гужва?

Не можам да шпекулирам, можам само да споделам информации што се проверени. Ако ги имавме информациите пред неколку дена, тогаш ќе постапевме. Првата информација ја добивме со јавување вчера во 20:26 часот.

Дали требаше да биде оддалечен од семејството?

Ниту полицијата, ниту центарот не може да одреди кои мерки ќе се спроведуваат, тоа може да го направи само судот. Ако зборуваме за мерката оддалечување од нечиј дом, тоа може да го направи само судот.

За секоја ваква мерка се известува судот, согласно одлуката на судот. Мерката на претпазливост е укината во март 2021 година врз основа на судска одлука, според која тој имал право да се види со детето.