Мистеријата за силувањето во Ниш конечно е разрешена, а полицијата објави се’.

Припадниците на МВР во Ниш, по детални проверки во соработка со Вишото јавно обвинителство, утврдиле дека дваесет и деветгодишна девојка од Лесковац лажно пријавила дека била силувана на 30-ти декември минатата година.

Во разговорот пред полиграфското вештачење, таа во полиција признала дека лажно обвинила дваесет и деветгодишен маж за силување, како и местото каде што наводно била силувана, соопшти МВР.

– Апелираме до медиумите и јавноста да не изнесуваат непроверени информации бидејќи на овој начин ја попречуваат работата на полицијата и обвинителството, се вели во соопштението на полицијата.