Maja K. (41) вчера наутро се обиде да се убие себеси и нејзиниот седумгодишен син во белградската населба Миријево. Жената полудела, наводно од бес затоа што сопругот ја оставил, го фрлила детето преку тераса од третиот кат на зградата, а потоа и самата скокнала во амбис. За среќа и двајцата паднале на тревата, па преживеале иако се здобиле со тешки повреди.

Маја е згрижена со скршеница на ногата во Ургентниот центар, додека детето со бројни повреди по телото е сместено во Детската клиника во Тирсова.

Ќерката ја избегнала драмата

Извор од истрагата вели дека Маја живеела сама со седумгодишниот син и неколку години постарата ќерка во стан во Миријево. Меѓутоа, девојлето во моментот на страшната драма не била во станот со мајка си и братот.

– Според првите резултати од истрагата, Маја одлучила да го убие синот и себеси во петокот околу осум часот, во момент на нервно растројство, бидејќи не можела да се помири со разводот од таткото на момчето. На тоа укажува и прошталното писмо кое било пронајдено во нејзиниот стан, објаснуваат соседите.

Прашува за повредите на своите нозе, синот не го спомнува

Во Ургентниот центар дознавме дека Маја К. се здобила со повеќекратни скршеници и била пренесена на одделението за интензивна нега.

– Има скршеници на ребрата, колковите и карлицата. Свесна е, но во ниту еден момент не прашала за синот, само ги прашува лекарите што ѝ е на нозете – вели соговорничка за „Ало.рс“ од Ургентниот центар.

По прегледот во Ургентниот центар, каде било утврдено дека нема скршеница и дека не му е загрозен животот, момчето било пренесено на Детската клиника во Тирсова.

-Свесен е и комуникативен, но се жали на болки и дека му се спие, вели еден од соседите.

Според него, во станот на Маја биле пронајдени и празни шишиња со алкохолни пијалоци и кутии со лекови за смирување, кои најверојатно Маја ги консумирала претходната вечер.

Станарите од зградата рекоа дека во текот на ноќта во неколку наврати се слушал крик од станот на Маја. Сосема е можно детето да било мачено цела ноќ. Станарите околу осум часот наутро повторно го слушнале плачењето на детето, а потоа неговиот врисок и падот на земја.

Потоа слушнале уште еден удар, кога и Маја скокнала од терасата на третиот кат.

Свесна по падот

Сосетка на Маја ни кажа дека момчето замолчело откако врескало и потоа паднало, па се исплашиле дека е мртво, додека Маја била свесна откако паднала на земјата.

– Брзата помош пристигна брзо, лекарите се обидоа да го разбудат момчето, но тољ не реагираше… Соседот кој претходно често се расправаше со Маја за нејзините хистерични случки, истрча од зградата и само се фати за глава и шокирано извика:

– Зошто не ја пријавив синоќа, можеби ќе го спасев детето… – изјавила сосетката на Маја.

Инаку, од останатите станари од зградата српските медиуми дознале дека Маја минатиот викенд ги барала клучевите од вратата на покривот на зградата, тврдејќи дека сакала да му го покаже погледот на синот.

Станарите затоа се убедени дека и тогаш размислувала да го фрли синот од зградата, а потоа да си пресуди.