Професорот Самоил Малчески, на својот фејсбук профил, објави дека синот на градоначалникот на Општина Карпош се вработил во државната М-НАВ.
„Синот на Стевчо Јакимовски е тазе вработен во М-НАВ АД во државна сопственост, за плата од околу 100.000 денари! За толку си ги продаде “принципите”! Не е лошо јавноста да знае зошто има толку “ексклузивни” изјави!“.
М-Нав е македонската државна компанија што го контролира македонското небо во смисла на воздухопловна навигација, и е позната по тоа што таму се делат највисоките плати во Македонија, во просек од над 3.000 евра.
Македонски навигации има овластување од државата да го одржува редот на македонското небо и да ги организира и диспечира прелетите. Токму за тоа и наплаќа такси од сите оние авиокомпании чии воздухоплови прелетуваат низ нашата воздушна територија.
Јакимовски: На СДСМ ѝ фалат два пратеници за промена на Уставот
Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешната епизода на “Тешки муабети” ексклузивно објави дека според неговите информации на власта ѝ фалат уште двајца пратеници за гласање на уставните измени.
Уште двајца фалат, уште два пратеника фалат за да се изгласаат уставните измени. Два предавници според моите информации, а многу често се точни, вели Јакимовски.
Be the first to write a comment.