Мароканската фудбалска репрезентација не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство во Катар, но импресионираше со својата посветеност и борбеност, а добивме и нов фудбалски убавец – Јасин Буну, попознат како Боно.

Голманот на шпанска Севиља и на мароканската репрезентација по првиот меч стана миленик на дамите, а сега повторно е во центарот на вниманието, но поради симпатичниот потег на неговиот син Исак!

Имено, на својот официјален профил на Твитер, ФИФА објави краток клип направен за време на изјавата на Бон по полуфиналниот меч со Франција. Голманот зборуваше за играта додека го држеше својот син во раце, а малиот многу го интересираше микрофонот, прво го допре, а потоа се обиде да го лиже мислејќи дека е сладолед!