Силни врнежи од дожд вечерва ја зафатија државата. Но пред дождот, особено во регионот на Скопје, претходеше чудно осветлување на небото, кое се повторуваше на неколку секунди.
Дел од граѓаните загрижено бараа информации што се случува.
,,Фокус” побара појаснување од синоптичар од УХМР кој појаснува дека бранот бил широк со многу ниска облачност , поради што и глетката на небото била невообичаена.
Предмалку и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше дека Скопје ќе го зафати силно, но краткотрајно невреме.
Be the first to write a comment.