Силно невреме попладнево ја погоди Србија, иако во текот на денот беа измерени 40 степени.
Невремето ги зафати Чачак, Ваљево и Ужице. Притоа е забележана материјална штета на неколку места, а има и оштетени автомобили во Белград. Невремето се придвижи кон Шабац. Дожд паѓа и во Аранѓеловац. Невреме имаше во европските земји, Франција, Италија и Австрија каде има и жртви.
За викендов се очекува невреме и во Македонија
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека викендов можно е да имаме локални поплави и штети како што беше со невремето во Кавадарци и Неготино.
Најави дека во следните денови времето ќе биде многу нестабилно и на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
„Локално ќе има појава на големо невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Можни се локални поплавувања и не се исклучува можноста во Македонија да се повтори невремето како што беше неодамна од Кавадарци и Неготино, и каде што имаше многу штети. Затоа граѓаните треба да бидат крајно внимателни“, вели Попоски.
Тој објаснува дека температурите ќе се намалат дури за околу 10 степени во споредба на оние кои ги имаме сега.
Be the first to write a comment.