Почина Богољуб Кузмановски – БОБИ ДУРАК, поранешен припадник на единицата за брза интервенција „Лавови“, објавуваат со тага од единицата која беше расформирана во 2003-та година.
– IN MEMORIAM Богољуб Кузмановски – БОБИ ДУРАК .Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник, член на Кумановската чета на Лавовите. ВЕЧНА ТИ СЛАВА!, објавено е на ФБ страната на Македонски лавови.
Единицата за брза интервенција „Лавови“ е поранешна полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија која била составена од доброволци. За нејзин командант беше назначен Горан Георгиевски- Мујо, убиен во престрелка во Куманово, 2005 година.
Таа била формирана во летото 2001 година од страна на Љубе Бошкоски, тогашен министер за внатрешни работи, со цел да се зголеми бројот на човечката сила на бојните полиња. Еден од позначајните настани на единицата е Заседата кај Требош во која загинуваат тројца нејзини припадници.
По завршувањето на војната, нејзиниот статус бил нејасен, поради што припадници на единицата направиле блокада на патот Скопје – Блаце. Во 2003 година единицата била расформирана. По нејзиното распуштање, се јавуваат големи контроверзии при што многу од нејзините припадници биле нападнати или убиени.
Денес, поголем дел од поранешните припадници на единицата се организирани во неколку непрофитни организации, сепак одреден број се прераспоредени во други специјални единици во министерството.
Be the first to write a comment.