Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ на крстосницата со булеварот „8 септември“, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Скопје.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила во 20:20 часот и засега е пријавено едно повредено лице, кое со екипа на итна помош е пренесено во ГОБ „8 септември“.

Во несреќата учествувале две возила – ,,сеат ибица” со велешки регистарски таблици и ,,бмв” со скопска регистрација.

ФОТО: 360 степени

Полициски екипи се терен и се утврдуваат причините за несреќата, велат од МВР.

ФОТО: 360 степени