Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Илинка Митрева беше поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и еднa од основачите на партијата.
Кон крајот на ноември 2020 година, Митрева која е поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија, како реакција на интервјуто на тогашниот премиер Зоран Заев за агенцијата БГНЕС изјави дека е време Заев да се соочи со судот на јавноста.
„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста“, рече поранешната министерка за надворешни работи.
„Ставовите на Заев се завршниот удар што тој ѝ го задава на Македонија. Почна од Преспа и промената на името на нашата држава, а сега посегна по идентитетот, јазикот и историјата – по ноторни историски факти, фашистичката окупација на Македонија. Капитулираше пред најголемиот напад со кој се соочила Македонија од почетокот на нејзиното постоење: уцени, притисоци и барања што задираат во темелите на македонската нација“.
„Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша трајна државна заложба, но не по цената што е спремен да ја плати премиерот. Време е Заев да се соочи со судот на јавноста. Нема простор за политички манипулации и дообјаснувања во СДСМ, нема простор за амнестија. Но, има простор за вонреден конгрес”, рече тогаш Митрева.
Таа сметаше дека е време „да се испрати натпартиска порака до сите општествени и политички сили во нашата земја, до сите граѓани, да се обединиме пред тешките предизвици што ни претстојат“.
„Како поранешен политички деец, но и како граѓанин, имам право и обврска да застанам во одбрана на националната гордост“, заклучи професорката Митрева.
Be the first to write a comment.