Познататa македонска фолк-пејачка и поранешна учесничка во балканското реално ТВ-шоу „Велики брат“, Анета Наковска, повторно е во Америка со својот сопруг.

На тој начин паднаа во вода сите оние озборувања на голем број душогрижници за нејзината наводна разделба, за пропаднатиот брак. Од тоа нема ништо, а Наковска цути во сиот свој сјај, среќна,задоволна, насмеана. И секако неодамна почестена од сопругот со новиот многу скап автомобил.

Пејачката го доби автомобилот на подарок во знак на нивната љубов. – Нивниот живот е како во некоја бајка, велат тие што ги познаваат сопружниците. Сега се во Америка, а на лето се враќаат во Македонија, поточно во Охрид каде што во својата куќа ги поминуваат топлите денови.

Овoјпат ќе биде тоа и со новиот автомобил. Само единствената замерка на Анета ѝ упати некоја следбеничка на ФБ, провокативно прашувајќи ја: „А, што си облекла бели чорапчиња, на што ти се слагаат, на кој дел од гардеробата, со цветовите ли?“.

Анета ништо не одговори, таа е сега во еуфорија, си има нов скап автомобил, новогодишно украсен со жолта лента. Таа е во жолта маица.

Анета Наковска си доби нов автомобил