Меѓу првите во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ која се емитуваше синоќа, а која од засега непознати причини не беше емитувана во Македонија на Канал 5 телевизија, се појави и дваесет и едногодишната Анѓела Муришиќ од Херцег Нови, која неславно го заврши натпреварувањето.

Сакаѓе да ја испее и втората песна, но Саша Поповиќ не дозволи

Членовите на жирито го притиснаа копчето за паника веќе за време на првата песна „Јелен“ на Слаѓа Алегро која Анѓела ја изведе, што значеше дека нејзиното учество е завршено. Сања Кужет ја претстави Анѓела која се расплака на сцената.

– Дали се занимаваш со оваа работа, Анѓела?

– Ништо, ти си готова! Оди, вежбај, па врати се – ја советуваше Марија, а водителката открила дека натпреварувачката изразила желба да ја изведе и втората песна, но Саша Поповиќ не дозволил.

21 годишната Анѓела се расплака на сцената

Со свој совет се огласил и Александар Милиќ- Мили.

– Не се разочарувај, работи на себе и никогаш не дозволувај тремата да те води, води ја ти неа – рече Мили, а натпреварувачката плачејќи ја напушти сцената.

Сања Кужет ја тешеше

Зошто синоќа не се емитуваше „Ѕвездите на Гранд“ во Македонија?

Иако беше најавувано, сепак популарното музичко натпреварување не се емитуваше синиќа на фреквенцијата на Канал 5 телевизија.

Наместо премиерната нова емисија од Гранд, во прајмтајм се емитуваа репризи од турската серија “Забрането јаболко”.

Дали воопшто ќе продолжат емисиите на United Media на оваа телевизија, останува да видиме наредниот период.