Белорускиот претседател, Александар Лукашенко на вчерашниот собир „Ова е нашата историја“ по повод Денот на народното единство изјави дека САД ја турка Европа во вооружен судир со цел да се ослабне Русија и да се уништи Белорусија.
– САД ја туркаат Европа во воен конфликт со Русија на територијата на Украина. Тие не ги кријат своите планови. Склучени се договори за наредните години. Целта е да се ослаби Русија и да се уништи Белорусија, истакна Лукашенко.
Тој додаде дека „Украина ќе биде срамнета со земја“.
– Колапсот на Украина веќе започна. Полските, летонските и литванските политичари очигледно наивно очекуваат да се пазарат за својата иднина во новата геополитичка реалност, наведе Лукашенко, додавајќи дека тие ја повторуваат грешката од почетокот на 40-тите години од минатиот век.
– Се сеќава некој на фашистичката чизма на Германија и на Хитлер? Полското раководство тогаш ползеше повеќе од кој било друг. И до што доведе тоа? На почетокот на септември, за само две недели, Полска престана да постои. Срамота е што нашите соседи не ги научија лекциите од историјата, посочи Лукашенко.
Be the first to write a comment.