Вардаровата легенда Васил Рингов уште во 2007 година бил страшно импресиониран од хрватскиот фудбалер, а за тоа говорат неговите зборови дадени тогаш за хрватски медиум.

Таа 2007 година Македонија двапати играше против Хрватска во рамките на квалификациите за ЕУРО 2008. Во март загубивме со 2:1 во Загреб, а во ноември на еден пороен дожд и каллив терен во Скопје ги победивме со 2:0. Тогаш 22-годишниот Модриќ ги одигра 90-ти минути на двата натпревара, а на клупски план сѐ уште беше во загрепски Динамо.

На социјалните мрежи се појави исечок од хрватско списание каде кратка изјава за Модриќ има вардаровата легенда Васил Рингов.

Исечок од хрватско списание каде кратка изјава за Модриќ има вардаровата легенда Васил Рингов

„Го гледав како игра Лука Модриќ и во репрезентацијата и во Динамо. Ме изненади колку е играчки силен. Фантастичен е! Ја носи играта, ги разбива противниците, може да дава голови…“, рекол Рингов.

Модриќ има 160 настапи за Хрватска со 23 постигнати голови, настап на 4 Мундијали од кои во 2018 освои сребро, а денеска ќе се бори за ново финале, овој пат во Катар.