Старлетата Сораја Вучелиќ беше фотографирана на настапот на пејачката Ана Николиќ во Загреб, каде се појави само неколку дена по породувањето.

Поранешната учесничка на реалното шоу „Големиот брат“ дојде во друштво на пријател, а многумина беа изненадени од нејзиниот изглед, што е сосема спротивно од она што го објавува на својот Инстаграм каде може да видиме само обработени фотографии.

Сепак, најголемо внимание привлекоа „непослушните веѓи“ на Сораја кои се направени од долги влакна, што на сите им беше чудно, па многумина се запрашаа каков е овој тренд. Бидејќи има направено бројни пластични операции на лицето и телото, постои можност да ги пресадила и веѓите, но очигледно претерала.

„Што е со нејзините веѓи?“, „Колку влакна, ова не сум го видел досега“, „Не сакам да ја навредам, но се знае кој има такви веѓи“, „Овие влакна како да се долги 10 см. вонземјански“ беа коментарите.

Да потсетиме, Сораја Вучелиќ ја криеше бременоста од очите на јавноста, но и таткото на детето. Таа се породи пред неколку дена и на свет донесе момче на кое му го даде името Кан.

📸